283
Доколку не се донесе Законот за ЈО, Собранието на Македонија нема да се распушти, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по сведочењето во случајот Монструм.
„Доколку опозицијата се обиде да го минира законот за ОЈО, Собранието нема да се распушти. Нема одложување на изборите. На 12 април се изборите. Убаво е да се распушти Собранието како што налага законот“, рече Заев.
Заев истакна дека разговорите мора да продолжат и да се донесе решение, бидејќи како што рече, законот има исклучителна важност.