Заев ги претстави носителите на листи: Ова се личностите кои ќе ја донесат големата и веќе извесна победа

од Aleksandar Todeski
402 прегледи

Низ плодна дискусија, во работна атмосфера, Конгресот ја прифати предлог програмата „Можеме“ за официјална програма на СДСМ и Коалицијата. СДСМ започнува нова пракса со тандем носители на листите, маж и жена, за еднаква родова застапеност, посочи лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по завршувањето на Конгресот на владејачката партија.

Во Изборната единица 1 листата ќе ја предводат Никола Димитров и Мила Царовска. Чест да ја предводат Изборната единица 2 ќе имаат Оливер Спасовски и Сања Лукаревска. Третата Изборна единица ќе ја предводат Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска. Четвртата Изборна единица ќе биде предводена од Зоран Заев и Соња Мираковска. Изборната единица 5 ќе биде предводена од Радмила Шекеринска и Јован Митревски. Шестата Изборна единица, најавена како најразнолика, ќе биде предводена од Билал Касами и Фаница Николовска.

„Ова е понудата на СДСМ и Коалицијата. Овие се личностите кои ќе ја донесат големата, веќе извесна победа на 12 април. Ова се луѓето кои даваат збор дека ќе работат одговорно, чесно и отворено во процесот на продолжување на политиките. Оваа е најголемата, најразнолика и родово најзастапена Коалиција. Со ваква понуда нема дилема, ние сме победници на 12 април. Сите политички субјекти во оваа Коалиција ја познаа важноста државата да оди напред, економскиот развој да биде уште посилен. Им благодарам на сите коалициони партнери кои предложија чесни кандидати за пратеници. Им благодарам и на оние партии кои не предложија пратеници, но ќе продолжат рамо до рамо со нас да носат одлуки во извршната власт“, рече Заев, додавајќи дека сега, кога сме члена на НАТО и почнуваме преговори со Европската Унија, важно е државата да продолжи на прав пат.

Според лидерот на СДСМ, за 2 и пол години покажале дека можат да работат и на домашен и на меѓународен пат, да обезбедат стабилност и иднина, пари за општеството, а во новиот мандат ќе покажеле дека можат уште повеќе и уште подобро.

„Ви даваме збор, нема да престанеме со мерки и политики важни за државата. Нема да дозволиме враќање назад, нема да дозволиме напредокот и развојот да бидат загрозени. Ние ќе продолжиме уште подобро. Ќе продолжиме затоа што занаеме и затоа што можеме. Тоа ќе го покажеме на 12 април и уште повеќе ќе покажеме после победата. Градиме модерна, силна, развиена држава. Стануваме членка на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ. Градиме фер, еднакво и праведно општество“, истакна Заев по Конгресот.

Слични содржини