Заев и Пендаровски по триумфот на ракометарите против Чиле: Победа освоена со професионалност и истрајност

По триумфот на С.Македонија против Чиле и пласман во втората фаза на ракометниот Мундијал во Египет, на социјалните мрежи со свои честитки се огласија, претседателот на земјата, Стево Пендаровски, како и премиерот, Зоран Заев.

„Ги бодревме нашите ракометари и на денешниот дуел против Чиле. Одиграа храбро, респектирајќи го противникот. Честитки момци за одличната игра, одиме во втора рунда, навиваме за вас“, посочи претседателот Пендаровски на својот фејсбук профил.

„ Ова е победа освоена со професионалност и истрајност. Честитки момци, ви посакуваме и понатаму да редите успеси и да нѐ правите уште погорди“, истакна и премиерот Заев по повод победата.

За потсетување, македонската селекција остана како трета земја во групата која се пласираше во следната фаза, а истата ќе ја продолжиме со дуели против селекциите на Словенија, Белорусија и Русија.

Слични содржини