Заев: Ќе ги укинеме патните трошоци на пратениците

од Aleksandar Todeski
561 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција во партиското седиште најави укинување на патните трошоци на пратениците по формирањето на влада по 12 април, за што како што рече, убеден е дека тие ќе ја формираат владата, односно дека граѓаните ќе потврдат дека се за ред, дисциплина и правда.

„Ќе се укинат патните трошоци на пратениците. Во борбата против корупцијата, ќе има награди за сите оние чија пријава ќе биде основана за отварање на предмет. Согласно принципите на СДСМ, за отвореност кон граѓаните, секоја институција ќе има обврска четири пати годишно да организира отворен ден за граѓаните. Секоја служба во рок од три дена ќе биде задолжена во рок од три дена да одговори на граѓаните. Ќе ја намалиме јавната администрација за 20%. За да се симне дел од јавниот товар и за да направиме поефикасна администрација“, рече Заев.

Лидерот на владејачката партија посочи дека во јавната администрација ќе работат оние кои се спремни да одговорат на барањата на граѓаните, додека пак за другите ќе имало место во приватниот сектор.

 

Слични содржини