Заев ќе се вакцинира против Ковид 19

од Берта Китинска

„Како и многумина граѓани, и јас ќе се вакцинирам, затоа што сакам со свој личен пример да дадам придонес во борбата за сузбивање на пандемијата“, изјави премиеро Зоран Заев на денешната прес-конференција.

– Јас ќе бидам меѓу првите што ќе се вакцинирам, веднаш по здравствените работници кои се на првата линија, како и хронично болните и повозрасните лица Нашата држава го следи секој чекор на развој од сите клинички испитувања за вакцините. Верувам во нејзината безбедност и во тврдењата на научниците дека со неа ќе се подигне имунитетот на луѓето. Ѓраѓаните треба да бидат спокојни бидејќи државата нема да штеди за оваа намена, ние веќе го уплативме авансот за набавка на 833 илјади вакцини“, изјави Заев.

Новите рестриктивни мерки ќе стапат на сила на 18.декември и ќе траат до 20.јануари.

Слични содржини