Заев на МТВ: Санкциите ќе продолжат, никој нема да биде амнестиран

од Vladimir Zorba

„Санкциите ќе продолжат, никој нема да биде амнестиран. Ако не се удри по џебот на крајот луѓето знаат и да не го почитуваат тоа и да наоѓаат кривини, врски да фаќаат.. Јавно апелирам до сите тоа е наредба и на Владата секоја казна која што е изречена мора да има конечна ефектива односно да биде платена..“, истакна вечерва премиерот Зоран Заев во рамките на емисијата „Отворено судио“ на МТВ.

Вели дека највисок приортет за нас останува здравјето на граѓаните, секако и на дечињата, со отворањето на градинките, со строги протоколи за заштита и пред почетокот на училишната година, затоа е донесена одлука за мешан модел со физичко присуство на учениците од 1-3 одделение, а сите други со исполнување на јасно зацртани правила.

Премиерот нагласи дека платформата за онлајн настава се подготвува и навреме ќе биде спремна и функционална.

„Ги имаме предвид сите апскети, ве уверувам се водиме од стручен аспект на здравстените власти и комисијата, водиме сметка пред се за здравјето на граѓаните“, истакна премиерот Заев, во врска со одлуката за одење на работа на хронично болните лица, додавајќи дека важат сите заштитни мерки.

Слични содржини