Заев: Нобеловата награда за мир за премиерот Ахмед е инспирација за сите

од desk4

Нобеловата награда за мир за 2019 година замина кај етиопскиот премиер Абиј Ахмед Али кој го реши долгогодишниот воен конфликт помеѓу неговата Етиопија и соседот Еритреја. По тој повод премиерот Зоран Заев објави статус на Фејсбук на кој упати срдечни честитки до премиерот Ахмед.

„Искрени и најсрдечни честитки за добивањето на најпрестижната награда – Нобеловата награда за мир, за премиерот на Етиопија Аби Ахмед. Нобеловата награда за премиерот Аби Ахмед е заслужено признание за неговиот придонес за ставање крај на 20 годишната војна меѓу Етиопија и Еритреја, и инспирација за сите“, пишува на почетокот Заев, кој подолу упатува благодарност и до Уидед Бушамауи за неговата и номинацијата на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за Нобелова награда за мир.

„Сакам да се заблагодарам на добитничката на Нобелова награда за мир Уидед Бушамауи која заедно со ФОН Универзитет нѐ номинираа мене и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас за годинешната Нобелова награда за мир. Договорот од Преспа го создадовме како обврска кон нашите народи и како порив за трансформација на Балканот во извор на соработка и заедништво.

Останува мојата и заложбата на Владата на Северна Македонија, со поглед напред, а не назад, за градење долготраен мир, стабилност и просперитет за граѓаните на нашата земја и за граѓаните од регионот“, напиша премиерот.

Слични содржини