Заев, Османи и Димитров ќе се сретнат со Меркел во Тирана

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на покана на канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, утре ќе ја предводи владината делегација во еднодневна работна посета на Тирана.

„Согласно агендата, во текот на попладнето претседателот на Владата Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел“, се наведува во соопштението од Владата.

Во рамките на оваа еднодневна работна посета, премиерот Заев ќе го посети и Македонскиот културен центар во Тирана.

Слични содржини