Заев: Судии кои намерно ќе застарат предмет, по автоматизам ќе бидат разрешени

од Aleksandar Todeski
441 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави нови реформи во правосудството по формриање на новата влада. Според него, ако судиите намерно застаруваат предмети, по автоматизам ќе бидат разрешени.

„Правда за сите – ова беше еден од темелите со кои излеговме на изборите во 2016 година. Ние, СДСМ и како политичка партија и како политички концепт не отстапуваме милиметар од целта која ја зацртавме со вас граѓаните – правна држава, ред, правда и дисциплина. Така треба и мора да биде со Република Северна Македонија. Веднаш после создавањето на новата влада ќе повлечеме неколку чекори, за уште еднаш да се увериме дека патот на судиите и јавните обвинители кон правдата и независното постапување е отворен и тие ќе постапуваат. Законот за Јавното обвинителство гарантира дека политиката не може да интервенира во правосудските предмети и дека сите предмети од висока корупција мора и ќе имаат судска завршница“, рече Заев.

Тој посочи дека граѓаните и државата не сакаат и нема да имаат партиски узурпирано правосудство, посочувајќи дека предметите ќе се следат електорнски, а ќе следува и проверка на судски предмети, по случаен избор.

„Судиите кои намерно ќе застарат предмет, по автоматизам ќе бидат разрешени. Предметите ќе се следат електорнски, па ако се утврди дека некој не постапувал со цел да застари предметот, ќе се вклучи аларм и тој ќе биде разрешен по автоматизам. Започнуваме со детална проверка на имотнатата состојба на судиите и јавните обвинители. Следува проверка на 5% од судските предмети во последните години, по случаен избор. Алатката за отчетнсот со закон ќе ја направиме да биде задолжителна за градоначалниците, пратениците и судската власт. Се покажа дека отчетноста ги натера функционерите да штедат“, рече Заев.

 

Слични содржини