Заев утре ќе разговара со Радев, Меркел и Маркон за изнаоѓање на решение за бугарското вето

од Nikola Popovski

Секогаш сакам да бидам оптимист, но и реалист. Утрешниот самит во Словенија не се одлучува. Не можеме да очекуваме отворање на поглавја, ниту закажување на првата меѓувладина конференција, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, утре очекуваме да имаме јасни и чисти пораки од ЕУ за интеграцијата на Западен Балкан.

-Тоа е насочено за сите 6 земји. Пораката колку биде почиста и попрецизна и пофер е дополнителна мотивација и стимул за сите да продолжат да работат. 16 години чекаме, изјави Заев и додаде дека во текот на утрешниот дек ќе се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон за да се најде изнаоѓање на решение и надминување на дијалогот со Бугарија.

Слични содржини