Заев: Воведувањето вонредна сосојба е неопходно, ставот за одложување на изборите е заеднички

од Aleksandar Todeski
341 прегледи

Здравјето и безбедноста на граѓаните немаат цена и секогаш за нас се на прво место. Го споделивме ставот дека нема услови за одржување на нормални избори и како одговорни политичари, сите ресурси и капацитети ги ставаме во функција на заштита на здравјето на граѓаните и во борба со коронавирусот, посочи лидерот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба.

„Сега, кога имаме заеднички непријател во коронавирусот, не е време за политички противници. Заштитата на граѓаните и справувањето со последиците на овој светски и глоблаен проблем е она кон кое сега треба да сме сите насочени и посветни. Сакам да најавам дека подготвуваме сет на економски мерки за помош на стопанството, фирмите и граѓаните, за помош на најпогодените“, рече Заев

Тој нагласи дека сите мора да се однесуваат солидарно, за заеднички да излеземе посилни и повика граѓаните да ги почитуваат мерките на владата.

„Ја отворив и потребата за воведување вонредна состојба. Имајќи ја предвид ситуацијата, воведувањето вонредна состојба е неопходно за да може побрзо и поефикасно да се донесат мерки за здравствената состојба и економските мерки. Сакам да им се заблагодарам и да им оддадам јавно признание и почит на сите кои учествуваат борбата со вирусот. Апелирам до граѓаните сериозно да ја сфатат ситуацијата и да ги почитуваат сите мерки од владата. Верувам дека на сите им стана јасно колку е сериозна кризата предизвикана од коронавирусот“, рече Заев.

Слични содржини