Заев за Камчев: Луѓето кои парите не ги стекнале со пот и труд, често се проблематични

од Берта Китинска

-Секој е невин додека не се докаже вината. За господинот Орце Камчев како еден од бизнисмените кои се посилни во државата можам да зборувам од она што го имам прочитано во медиумите, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Тој напомена дека секој бизнисмен и политичар кој се огрешил пред законот мора да одговара.

-Презумцијата на невиност треба да ја почитуваме сите, но кога луѓето забегуваат со пари коишто веројатно се крадени  пари, пари коишто не се стекнати со пот и труд често се проблематични во светот и во нашата земја. Затоа постојат Агенции за борба против перење на пари или Управа за финаниско разузнавање.  Затоа што парите стекнати на незаконски начин купуваат човечки души, купуваат влијание, купуваат моќ , уништуват цели системи. Затоа треба  процесите за секој да разјаснат што е  што. И апсолутно никој, вклучително Заев, Мицкоски и  било кој политичар, бизнисмен дали е тоа Камчев сите мора да бидат еднакви пред законот, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање за ветингот во судството, Заев вели дека во Законот за судовите  во Закон за јавно обвинителство првпат е вградена  одговорност за судија и обвинител.

– Прочистувањето како процес е неопходен во нашата земја и тој треба да заврши.  Ветивме законодавство,  го изработивме како извршна власт  и успеавме во Парламентот да го поминемеме  дури и таму каде што требаше дво-третинско мнозинство.  Сега останува практичната реализација на судиите.  Должни се да судат експресно  ефикасно, правично, еднакво и транспарентно. Тоа го очекуваат од нив сите граѓани, вклучитлено и јас, вели Заев.

Постапките, како што додава, мора да бидат јасни за секој, да знаат каде има одговорност и како се носи таа одговорност или ако нема вина зошто некој е ослободен  од процесите. – Верувам дека периодот којшто претстои  е токму прочистувањето во правосудството во нашата земја, додава Заев.

 

Слични содржини