272
Британскиот премиер Борис Џонсон го погоди бумерангот што самиот го фрли, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, нагласувајќи дека тој е архитект на сопствената пропаст.
„Него го предадоа неговите соборци“, нагласи Захарова, пренесе „Ројтерс“.
Според неа, падот на Џонсон е симптом на распаѓање на Западот, кој е растргнат од политичка, идеолошка и економска криза.
„Лекцијата од приказната е – не се обидувајте да ја уништите Русија“, рече Захарова.
Таа нагласи дека Русија не може да се уништи.
„Можете да ги скршите забите од неа, а потоа да се задавите со нив“, рече таа.