Заменик-градоначалникот на Херсон во притвор, осомничен за соработка со Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Украинското Државно истражно биро (ДИБ) соопшти дека во притвор е заменик-градоначалникот на Херсон под обвинение за соработка со Русија.

Весникот „Украинска правда“ го идентификуваше уапсениот како Владимир Пепел.

„Службениците на ДИБ, во тесна соработка со обвинителите, го приведоа заменик-градоначалникот на Херсон. Тој е обвинет за колаборационизам“, наведе бирото на својот профил на Телеграм.

Слични содржини