Рускиот претседател Владимир Путин на 2 март објави дека главните производители на нафта во земјата постигнале договор за замрзнување на добивките на ниво на јануари. На тој начин беше потврдено дека Русија ќе даде свој придонес кон заедничкиот договор за замрзнување на добивките, кој беше постигнат во февруари меѓу големите земји производители и оние кои се надвор од Опек.agentstvo_stratfor_opublikovalo_tri_scenariya_udara_po_ukraine

И покрај важноста на изјавата на Путин, светскиот пазар на нафта не реагираше. На тој начин беше признат реалниот факт дека всушност во јануари производството на нафта во Русија беше на рекордно ниво во постоветско доба од 10,9 милиони барели дневно, според податоци Централната диспечерска управа за горивно-енергетскиот комплекс при руското Министерство за енергетика.

Замрзнувањето на добивките на Русија е превентивен услов за евентуало поширока зделка меѓу земјите во и надвор од ОПЕК. Иако засега изгледа дека Русија е во играта, Иран и Ирак нема да се согласат со замрзувањето. Во краен случај, наметнувањето на замрзнувањето зависи од Саудиска Арабија, која останува отворена по тоа прашање. Ријад сепак претпочита да остави пазарните сили да ги диктираат производствените нивоа и цените во светот.

И покрај гласните изјави, се очекува и во 2016 година руската добивка да остане споредбено без промени, независно од каков и да е официјален договор за замрзнување на производството. За разлика од другите големи земји производители кои се обидуваат да договорат замрзнување на производството, па дури и замрзнување на добивките, руската нафтена иднустрија останува поделена, заради што е тешко да биде да биде контролирана зедничката енергетска стратегија на земјата. Како резултат на тоа, Путин има потреба од демонстрација на поддршка од големите нафтени компании, за да се создаде впечаток за голема осугласеност. За да се постигне тоа, на средбата на раководителите на руските нафтени компании тој беше принуден да заземе помирителен тон и поара да го слушне нивното мислење не само за глобалниот порблем, туку и за други прашања пред кои се исправени.

Тоа им даде можност на компаниите да побараат политички отстапки во замена за нивната поддршка за замрзнување на добивките. На основа на ниските цени на нафтата, законските промени во Европа и развојот на азиската енергетска стратегија на Русија созреал моментот компаниите да избегнат отстапки, одвен ако тоа не значи преструктуирање на рускиот енергетски сектор.

Можеби најважното барање беше за разбивање на монополите на гасовите гиганти. Гаспром нема само правен монопол над извозот на гас по гасоводи, туку контролира и поголем дел од националната гасоводна инфраструктура. Тоа ги принудува другите локални производители да продаваат гас ефтино на внатрешниот пазар, додека на Гаспром му плаќаат солени такси за транзит. Конкурентските Роснефт и Новатек, како и клиентите на Гаспром во Европа, одамна вршат притисок да биде ставен крај на монополот на Гаспром при извозот на гас по гасоводи. Со избледувањето на високиот политички статус на компанијата, загубата на монополот изгледа како поверојатно сценарио.

За разлика од Роснефт, основата на политичката сила на Гаспром не беше обврзана со клучните олигарси, претставници на моќни структури или други фигури од власта. Наместо тоа, таа произлегува од ефикасноста и потенцијалот на Гаспром како инструмент на надворешната политика. Преку контрола на гаспром над природниот гас, Кремљ има силно влијание над лидерите во Источна Европа. Но Европската унија ефикасно се спротивстави на монополот на Гаспром преку закони и изградба на инфраструктура која и отежнува на компанијата да влијае врз свои одредени клиенти. На пример, Украина – земја во која претходно Москва имаше значителна власт преку контрола на доставите на гас – всушност сосема ја заобиколи Русија како директен доставувач во поголемот дел од 2015 година.

Намаленото политичко значење на Гаспром даде можност за идејата за разбивање на монополот да собере популарност во Кремљ. Прашањето не е веќе дали монополот на Гаспром над извозото ќе заврши, туку кога. Новатек веќе искажува нови барања за директен достап до локалниот систем за распредлба на гас – чекор кој во краен случај може да доведе до префрлување на сопственоста над гасоводите од гаспром кон независна компанија или компании.

Истовремено, Москва останува под силен финансиски притисок и се надева да ги зголеми приходите преку повисоки даноци за нафтените компании или преку приватизација на акциите од државните компании. Роснефт, во која Кремљ држи 69,5 проценти, се бори против приватизацијата на уште 19,5 проценти од акциите. Главниот извршен директор на Роснефт, Игор Сечин, е подготвен да продаде дел од компанијата на голем партнер како кинеските ЦНПЦ и Синопек, но само ако акциите бидат проценети според истата вредност како при претходната приватизација (за споредба, во 2010 година цената беше 8,33 долари за акција, а сега таа изнесува 3,92 долари за акција).

Друга компанија со централно место во напорите за приватизација е Башнефт, која беше повторно национализирана во октомври 2014 година. Произведените 400,000 барели дневно во компанијата доаѓаат најмногу од муслиманскиот автономен регион Башкористан, што пак праби да е политички тешко таа да биде продадена на странски фирми. Роснефт и Лукоил пројавија интерес да ја купат, што ги спортивстави еден против друг двата најголеми производители на нафта во Русија – едниот е со тесни врски со силите за безбедност, а другиот со поголемо трговско и финансиско влијание. Одлуката дали Башнефт ќе биде приватизирана или да се продадат дел од акциите на Роснефт, и на кого, ќе биде донесена од Путин. Исто како и при енергетскиот монопол на Гаспром, притисокот за дејствија во таа насока расте. Така има се поголема веројатност Роснефт да извлече отстапки во замена за поддршка при приватизацијата.

И покрај се поголемата веројатност за приватизација, на крајот најважно е значењето на нафтата за руската економија и буџет. Тоа им дава на Роснефт и на Лукоил особено големо влијание и Кремљ треба да се консултира со нив пред да прави било какви надворешни или внатрешни промени во својата енергетска политика. Роснефт и Лукоил ќе го поднесат главниот удар од замрзнувањето или сјратувањето на добивките од нафтата. До неодамна, и двете компании се спортивставуваа на идејата за намалување на добивката. Лукоиол, која останува концентрирана за пораст на локалното производство, ќе продолжи да го бара правото да изнвестира според пазарните услови, а не според политичките договори. Но изгледа Роснефт е поотворена за нешто повеќе од замрзнување.

За Роснефт тоа можеби е поприродното намалување на производството, отколку активното отстапување. Поголемиот дел од производството на Роснефт продолжува да доаѓа од старите наоѓалишта во западносибирскиот басен, каде добивката годишно опаѓа од пет до 10 проценти. За развоја на наоѓалишта кои Роснефт може да ги користи во замена на среден и долг рок – во Источен Сибир и на Арктикот – се неопходни големи капитали. Тие извори не се само скапи, туку се и предмет на санкции. За да го потпомогне разработувањето на поскапо производство, руската влада од 2014 година вети пониски даноци за извозото на енергетски суровини до 2016, и се очекуваше стапката да биде намалена од 42 на 36 проценти. Но Кремљ го замрзна тој предлог во 015, при разработка на новиот предлог буџет. Заедно со пониските цени на нафтата, то значи дека Роснефт ќе се соочи со лесен пад во производството, независно од кои било договори. Но концернот не бара да биде обврзан со решение според кое ќе треба еднострано да ја намали добивката, давајќи им предност на нејзините внатрешни и надворешни конкуренти.

Недостигот на единствена енергетска политика на Русија е одраз на различностите и често на конфликтот на интереси на руските компании, кои се обидуваат да извлечат корист од тешката финансиска средина. Доста често, како што дозна Гаспром, печалбата за една компанија е загуба за друга. Во краен случа тоа значи дека Кремљ ќе продолжи директно да преговара за намалување на добивките, но нема да има единство меѓу производителите и министерството за енергија затоа што имаат различни позиции. Како резултат на упорното замрзнување на добивките во Русија, останува тешко за постигнување од политичка гледна точка и наместо тоа ќе биде диктирано од пазарните сили.

Стратфор – Остин

Слични содржини