Научниците ја разоткрија мистеријата за корона: Откриено зошто некој умира, а некој нема симптоми!

од Aleksandar Petrovski

Луѓето инфицирани со корона вирус можат да имаат симптоми од благи до непостоечки, па се до многу тешка клиничка слика и смрт.

Две нови студии утврдија една од причините зошто некој има многу тежок случај на корона, а некој поминува практично без симптоми.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Рокфелер покажа дека голем број пациенти имаат мутации во гените, кои учествуваат во реакцијата на организмот на „нападот“ на вирусот.

Мутација на генот го принудува организмот да направи авто-антитела, кои наместо вирус, го „напаѓаат“ самиот организам и создаваат хаос во него.

„Бевме воодушевени од истражувањето кое покажа дека организмот кај пациенти со генски мутации реагира напаѓајќи ги сопствените клетки, а не вирусот. Ова е откритие кое веднаш ќе има големо влијание врз дијагнозата и третманот”, изјави Жан Лоран Казанова, водач на студијата.

 

Слични содржини