Запалени камиони во текот на ноќта на барикадите во Северна Митровица

од Radmila Tasevska

Во текот на ноќта опожарени се неколку камиони кои го блокираа патот во Северна Митровица.

Станува збор за барикадите на мостот кој води до местото познато како Дудин крш и го поврзува тој дел од градот со магистралниот пат Приштина – Рашка.

Екипата на Радио Слободна Европа била на самото место и ги фотографирала запалените камиони. Засега нема официјални информации за нивно палење. РСЕ контактирала со косовската полиција, но сè уште не добила никаков одговор

Овие камиони беа распоредени на оваа локација на 27 декември, кога групи Срби поставија нови барикади на патиштата на северот на Косово.

Слични содржини