Започнаа надградбите за Android 8.1 Оrео за Nokia 5 и Nokia 6

од Vladimir Zorba

Nokia се вратија во смартфон пазарот со премиерата на неколку нови модели со Android и тоа беше еден од најинтересните настани во мобилната индустрија во 2017 – та. Уредите нудат компатибилна комбинација на долготраен век на траење на батеријата, издржливо куќиште и прифатлива цена. HMD Global исто така ветија секој смартфон претставен од нив да добие надградба кон Аndroid Oreo, што е уште една причина да се разгледа купување на некој од моделите на Nokia. Компанијата го почитува ова ветување и сега почна да ги ажурира Nokia 5 и Nokia 6 на новата платформа.

Распространувањето на ажурирањето веќе започна и ќе биде достапно во многу земји ширум светот. Во случајот станува збор за Android 8.1 Oreo, кој нуди дополнителни безбедносни подобрувања и надградби. Ако сакате да проверите дали софтверската надградба е достапна за вас треба да го отворите менито со поставки со избирање доследно „Settings> About Phone> Software Updates“. Имајте на ум дека ажурирањето за Nokia 5 е со големина од 860MВ, a сопствениците на Nokia 6 треба да одделат 930МВ меморија.

Откако ќе го инсталирате Android 8.1 Oreo, ќе забележите промени во менито за подесувања и моќност, како и нови копчиња за навигација на различните режими на батерии. Ажурирањето исто така е надополнето со месечниот безбедносен пач на Google за март 2018 година.

Ве потсетуваме дека Nokia 8 исто така почна да добива надградби на платформата, што значи дека само Nokia 2 од првите паметни телефони на компанијата од 2017 година се уште работи со Android Nougat, но и тоа наскоро ќе се промени.

Слични содржини