Африканската фудбалска конфедерација (АФК) официјално ја започна во Аруша, Танзанија, својата Суперлига, затворено натпреварување во кое ќе учествуваат 24 клубови од 16 земји.
Првото издание на Суперлигата е предвидено да се одржи од август 2023 до мај 2024 година со награден фонд од 100 милиони долари.
„Африканската Суперлига е многу важна иницијатива. Едно од главните прашања во Африка е финансирањето. Нашата цел е африканскиот клупски фудбал да биде од светска класа и да се натпреварува со најдобрите во светот“, рече претседателот на АФК, Патрис Моцепе.
ФИФА го поддржа новото натпреварување, додека на почетокот на 2021 година се спротивстави на проект од ист тип во Европа, кој требаше да ги собере 12-те најголеми клубови во Европа.
„Суперлигата е возбудлив и уникатен проект и ние сме среќни да помогнеме и да го споделиме искуството што го акумулиравме“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфатино.
Моцепе додаде дека „профитот направен од Супе лигата ќе биде искористен за да го направи африканскиот фудбал поатрактивен, да се осигура дека играчите ќе останат во Африка и да се подобри квалитетот на инфраструктурата“.
Секој од 24-те клубови кои ќе учествуваат на воведниот турнир ќе добие почетен годишен приход од 3.500.000 долари за купување играчи и плаќање даноци.
Натпреварувањето ќе биде поделенп во три групи од по осум екипи поделени географски (север, центар-запад и југоисток).
Изборот на учесници ќе се врши врз основа на резултатите во Лигата на шампионите во Африка и Купот на АФК.
Лансирањето на Суперлигата прв го критикуваше сопственикот на јужноафриканскиот клуб Кејп Таун Сити, Џон Комитис, велејќи дека „Суперлигата ќе го убие африканскиот клупски фудбал, а можеме да се збогуваме со националните лиги“.
Фото: geographical.co.uk