Запознајте го Боб: Акита со уши во форма на срце (ВИДЕО/ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Боб или полно име Боб Јанагида е долгокос Акита од Јапонија. Ова преслатко кученце освојува многу срца со специфичните уши што го прават лицето да изгледа како да е во форма на срце.

Слаткиот Боб има само 10 месеци, а веќе е вистинска сензација на Инстаграм.

Го следат нешто повеќе од 5.500 луѓе, а неговите сопственици секојдневно објавуваат шармантни фотографии и снимки од ова разиграно милениче.

Подолу може да погледнете неколку фотографии кои дефинитивно не стопија.

Слични содржини