Заробен лидер на „Исламската држава“ во Мали

од Stefanija Kuzmanovska

Француската армија денеска соопшти дека фатила влијателен водач на групата „Исламска држава“ во Мали.

Француските војници распоредени во оваа африканска земја заробија истакната личност во огранокот на „Исламската држава“ во регионот Сахел, се вели во соопштението.

– Ноќта меѓу 11 и 12 јуни, Умеја Улд Албакај, влијателна личност на „Исламската држава во пошироката Сахара“ е заробен во операцијата на француската единица „Баркана“ – изјавил за агенцијата AFP воен портпарол.

Слични содржини