Застрелан скопјанец во нозе во Визбегово

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека во текот на вчерашниот ден бил пријавен вооружен инцидент во скопско Визбегово.

Според полицијата, едно лице е рането во нозете, по што било пренесено во Градската општа болница.

-Во 20.30 часот било пријавено дека едно лице испукало со огнено оружје кон О.И.(36) од с.Визбегово, Н.Љ.(27) од Скопје, В.Н.(40) од Куманово и Е.Р.(20) од Скопје. Со повреди во пределот на нозете се здобил Е.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Слични содржини