Заврши спасувачката операција за урнатиот надвозник во Џенова

од desk3

Заврши спасувачката операција за исчезнатите под урнатините на надвозникот Моранди во Џенова. Со што е потврдено дека во несреќата загинаа 43 лица.

Деветмина повредени се заджани во болница, од кои четворица се во критична состојба, соопштија локалните власти.

Иако судбината на сите оние кои се водеа за исчезнати веќе е јасна, спасувачката служба посочи дека нивната работа продолжува со цел да се осигураат дека ниту едно лице не е останато под урнатините.

Спасувачите оценуваат дека нема повеќе загинати лица, но имаат задача да го обезбедат местото на несреќата и да помогнат да се установат причините за трагедијата.

Како што јави МИА, надвозникот Моранди, дел од автопатот А10, се урна во вторникот.

Бетонскиот мост Моранди беше изграден во 1967 година, а реконструиран во 2016 година

Слични содржини