Завршија преговорите меѓу Ким и Трамп во проширен формат

од desk4

 

  Завршија преговорите во проширен формат меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Средбата траеше околу час и половина.

Во составот на американската делегација беа државниот секретар Мајк Помпео, советникот на Трамп за прашањата на националната безбедност Џон Болтон, шефот на канцеларијата на Белата куќа Џон Кели и Прес-секретарот на Претседателот – Сара Сандерс.

Од севернокорејска страна присуствуваа заменикот-претседател на владејачката Корејската работничка партија Ким Јон-чол, министерот за надворешни работи И Јон-хеј, министерот на народните вооружени сили Но Гуан-чхол и помалата сестра на севернокорејскиот лидер Ким Јо-чен.

https://youtu.be/ABYF3jlLGiU

Во моментов двете делегации имаат работен ручек.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска, на почетокот на средбата во проширен формат изјави дека е заинтересиран да соработува блиско со претседателот на САД Доналд Трамп, објави весникот „Стрејт тајмс“. Ким признал дека „тоа нема да е лесно“, но изразил желба да се постигне таа цел.

– Ги надминавме сите видови скептицизам и спекулации по однос на таа средба на врвот и мислам дека тоа е добро за светот, изјавил севернокорејскиот лидер, според весникот.

Ким Јо-чен помалата сестра на Ким не присуствуваше на разговорите во хотелот Капела на островот Сентоса во Сингапур, јави ТАСС

Претходно, Трамп и Ким имаа тет-а-тет средба. Трамп ја оквалификува средбата како  „многу, многу добра“. Тој наведе дека ќе има „одлични односи“ со севернокорејскиот лидер. 

– Ќе решиме голем проблем,голема дилема, изјави Трамп, пренесоа американски медиуми. Средбата траела 48 минути.

Средбата се фокусирана на прекинување на севернокорејската нуклеарна програма  во замена за укинување санкции врз Пјонгјанг.

Слични содржини