Збунето стои во место: Се појавија ВИДЕА кои го покажуваат ладниот однос на Кејт кон Меган

од Stefanija Kuzmanovska

Односите меѓу браќата Хари и Вилијам, како и Кејт и Меган, беа во фокусот кога славната четворка се собра за прв пат по две години.

Кејт Мидлтон и Меган Маркл се снимени како излегуваат од автомобил пред замокот Виндзор, а видеото, според многумина, открива каков е нивниот однос.

Нивната врска долго време беше предмет на шпекулации, а сега се фотографирани во момент за кој многумина веруваат дека открива дека меѓу нив има тензии. Во видео кое кружи на социјалните мрежи, Кејт и Меган беа фатени како излегуваат од автомобил пред замокот Виндзор, и двете на иста страна, а Кејт потоа брза кон Вилијам и Хари без да ја чека Меган, која очигледно збунета застана во место некое време, а потоа продолжи кон Хари.

Поради незгодниот момент, луѓето се убедени дека Кејт не може да ја поднесе Меган, а во прилог на ова е уште една снимка од познатата четворка собрана пред автомобилот откако ја поздравија толпата надвор од замокот.

Овде можете да го видите ледениот поглед што Кејт ѝ го упати на Меган непосредно пред таа да мафне уште еднаш кон толпата со насмевка на лицето.

На Твитер кружи и фотографија на која Меган е фатена како копнежливо ја гледа Кејт, додека таа и принцовите ги гледаат цвеќињата кои се поставени покрај оградата на замокот.

Инаку, ова е прво заедничко појавување на британските принцови и нивните сопруги по Денот на Комонвелтот во март 2020 година, а тоа се случи спонтано, на иницијатива на принцот Вилијам.

Слични содржини