Зеленски ги отфрли критиките нa Берлускони

од Vladimir Zorba

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги отфрли критиките на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, велејќи дека Берлускони не мора да живее изложен на бомбардирање секој ден во темни простории без струја.

За време на заедничката прес-конференција во Киев со италијанскиот премиер Џорџо Мелони, од Зеленски беше побарано да ги коментира неодамнешните изјави на Берлускони, вклучително и онаа дека не би сакал да се сретне со Зеленски бидејќи смета дека тој е одговорен за војната во Украина, пренесе Ројтерс.

Берлускони, лидер на конзервативната партија Форка Италија, која е дел од владејачката коалиција во Италија, е стар пријател на рускиот претседател Владимир Путин.

Слични содржини