Зеленски: Игнорирањето на Киев е јасен знак на непочитување

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека посетите на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер на Москва, без да дојдат во Киев, ги смета за „непочитување

од Кристијан Димков
22 прегледи Фото: Телеграм/Принтскрин/Профил на Владимир Зеленски

Виткоф и Кушнер ја посетија руската престолнина кон крајот на минатата година, кога преговорите за примирје со цел завршување на војната во Украина добиваа на интензитет, како и во јануари.

Виткоф, кој осум пати бил во Москва, се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин. Сепак, ниту тој, ниту Кушнер никогаш официјално не го посетиле Киев. „Тоа е непочитување – да се доаѓа во Москва, а не во Киев, тоа е едноставно непочитување. Разбирам дека имаме сложена логистика. Ако не сакаат да дојдат, можеме да се сретнеме и во други држави“, изјави Зеленски во интервју за украински медиум, пренесува Би-Би-Си.

Во меѓувреме, како што пренесува „Индекс“, фокусот на меѓународната заедница се префрли од завршување на војната во Украина кон Блискиот Исток.

Виткоф и Кушнер требало да дојдат и во Киев, но поради војната со Иран, посетата била откажана.

Последниот трилатерален состанок меѓу Русија, САД и Украина се одржал во средината на февруари, а помалку од две недели потоа САД и Израел започнале напади врз Иран.

Виткоф и Кушнер сега се дел од американскиот преговарачки тим кој патува во Пакистан на разговори за примирје со Иран, а Зеленски призна дека вниманието на САД во моментов е насочено кон Блискиот Исток.

„Но во секој случај, за нас е важно да ја продолжиме соработката со Американците“, истакна Зеленски.