Зеленски: Истражуваме православна црква поврзана со Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Највисоките безбедносни функционери на Украина наредија истрага за активностите на огранок на Православната црква историски поврзан со Москва, изјави вчера украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Зеленски рече дека истрагата ќе испита дали московскиот огранок на црквата има право да работи на едно од најсветите места во Украина – комплексот Киев-Печерска Лавра.

Православната црква во Русија ја поддржа руската деветмесечна инвазија на Украина.

„Мораме да создадеме услови за ниту еден актери зависен од државата агресор (Русија) да не може да манипулира со Украинците и да ја ослабне Украина одвнатре“, рече Зеленски во видео обраќањето.

Во Украина, црквата поврзана со Москва формално ги прекина врските со Руската православна црква минатиот мај, но многу Украинци сè уште немаат доверба во неа и ја обвинуваат за тајна соработка со Русија.

Дискусијата меѓу највисоките безбедносни функционери ја истакна важноста со која Зеленски и другите лидери сè уште гледаат на влијанието на црквата поврзана со Москва меѓу обичните Украинци.

Слични содржини