Зеленски: Воената ситуација околу Бахмут станува се потешка

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека воената ситуација околу градот Бахмут станува се потешка.

Во ноќното видео обраќање Зеленски истакна дека ситуацијата околу Бахмут постојано се влошува и дека руските сили постојано уништуваат се што може да се искористи за зајакнување и одбрана на украинските сили.

„Нашите војници кои ја бранат областа околу Бахмут се вистински херои“, рече Зеленски, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини