Земја-членка на ЕУ усвои закон за отстранување на споменици кои ги слават тоталитарните режими

од Stefanija Kuzmanovska

Летонија во четвртокот усвои закон со кој наредува дека сите споменици и други објекти кои ги слават тоталитарните режими мора да бидат отстранети до 15 ноември.

Наредбата го наведува советскиот споменик на победата во Рига меѓу оние што мора да се урнат, што веќе е одобрено од градскиот совет.

Законот наведува околу 300 споменици, спомен-плочи и објекти во Летонија кои го слават советскиот режим или Црвената армија, иако ниту еден не е толку контроверзен како Споменикот на победата во главниот град.

Споменикот во Рига се состои од обелиск висок 79 метри и неколку огромни бронзени статуи, а изграден е во 1985 година по повод 40-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над Германија во Втората светска војна.

Латвија беше под германска и советска окупација за време на Втората светска војна. По завршувањето на војната, таа беше припоена кон Советскиот Сојуз до 1991 година.

Многумина го гледаа споменикот како симбол на повторната окупација на Летонија, а не на слободата.

Слични содржини