Земјотрес на грчкиот остров Лезбос и во Турција

од Vladimir Zorba
72 прегледи

 

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала рано изутринава е регистриран на грчкиот остров Лезбос во источниот дел на Егејското Море.Претходно и во Турција.

Како што соопшти Атинскиот геофизички институт, епицентарот на потресот бил во северниот дел на Лезбос.

Европскиот медитерански сеизмички центар пак соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтер на длабочина од два километри под површината на земјата, со епицентар на 156 километри еверозападно од турскиот град Измир.

ЗЕМЈАТА СЕ СТРЕСЕ СИЛНО ВО ТУРЦИЈА!

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.

Според грчките сезимолози, во последниве дваесетина дена во реонот на источниот дел на Егејското Море крај турскиот брег, биле регистриани десетина послаби земјотреси со интензитет меѓу два и четири степени според Ријтеровата скала.