Зголемен бројот на приматели на социјална помош за 5.500 семејства

Бројката на корисници на социјална помош од стартот на Ковид пандемијата досега, бележи зголемување за 5.500 семејства.

„Гарантираниот минимален приход претставува облик на подддшка и финансиска помош што ја добиваат семејствата во социјален ризик. Пред почетокот на пандемијата 27 илјади домаќинства беа во системот на приматели на гарантирана минимална помош, но, со оглед на тоа што пандемијата предизвика не само здравствена, туку и економска криза кај нас и во светот ние се погриживме со носење законски решенија да го олесниме пристапот до оваа помош преку спуштање на критериумите за влез во системот за социјална заштита“, посочи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Имено, како што вели Шахпанска согласно податоците од исплатата во месец декември, кога биле во системот 32.500 семејства, сега има бројка за дополнителни 5.500 кои влегле во овој систем.

Шахпаска потенцира дека тоа се должи,не само на влошување на состојбите, туку и на олеснување на критериумите за влез на семејствата, затоа што, како што истакна, Владата е свесна колку се неопходни овие средства за семејствата полесно да ја надминат кризата.

Слични содржини