Жените ќе се пензионираат на 62 години и ќе имаат можност за работа од плус две години

Доколку сакаат жените, и покрај тоа што законски ќе можат да одат во пензија на 62 години, ќе можат да работат уште дополнителни 2 години, односно идентично како и мажите. Ова го истакнаа предлагачите на новите измени во Законот за работни односи.

Овој предлог закон е во Собранието, но за него се уште нема почнато дебата. Но суштината е во тоа што пензионирањето на навршени 64 години ќе биде задолжително, односно нема да може да се продолжува до 67 години. Единствената дилема беше дали жените ќе мора задолжително да одат во пензија на 62 години.

Во рамки на измените, единствено пишува дека договорот за вработување работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку со друг закон поинаку не е уредено. Но и поктај тоа, законот за пензиско и инвалидско осигурување вели дека оигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж.

Иако најави Владата, во Собранието се уште нема дискусија за евентуално изедначување на старосната граница за мажите и жените.

Последно е дека во измените на овој закон се предвидува задолжително пензионирање на 64 години, но, сепак останува можноста жените да се пензионираат и на 62 години, како што е регулирано во Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Владата на РСМ, имаше план да даде можност за предвремено пензионирање, но со намалување на износот за пензија. Дополнително беше најавено и дека мажите и жените ќе се пензионираат задолжително со навршување на годините за пензија односно 62 години за жени и 64 за мажи.

Според новото законско решение, пензионирањето со навршени 64 години ќе биде задолжително во јавниот и приватниот сектор, со исклучок на здравството и образованието, од 2022 година.

loading...

Слични содржини