Жерновски амбасадор во Букурешт, Тупанчевски во Белград

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи информира дека голем процент на кариерни дипломати од МНР се упатуваат како амбасадори. Целиот сет на директори во Директоратот во МНР се испраќаат во земјите каде што се најсоодветни.

-Помал дел се луѓе од општествениот живот кои што се надвор од дипломатската мрежа, како што е поранешниот министер за правда Тупанчевски кој што се упатува во Белград, како господинот Илбер Села кој што е германофон и завршил во Виена и се упатува во Берлин, Андреј Жерновски во Букурешт и Емил Крстевски во Прага. Тие се луѓе надвор од дипломатијата, а останатите се лица од Директоратот во МНР, истакна Османи.

Тој појасни дека имаат соодветна листа на лица кои што се искусни во дипломатијата, но и во политичкиот и општествен живот и смета дека ќе дадат сериозен придонес во надворешно-политичкото дејствување на државата.

Кандидатите за нови амбасдори, денеска пред Комисијата за надворешна политика, во Собранието, ќе ги претстават тезите за дипломатски активности, со што ќе се финализира постапката пред нивното заминување во амбасадите.

Земјава има вкупно 57 дипломатско-конзуларни претставништва, од кои 42 се амбасади, осум се постојани мисии и девет се генерални конзулати.

Слични содржини