Жерновски до ВМРО-ДПМНЕ: Кој ви предложи да лепите плакат со содржина “Народ нема леб” на луксузно АUDI A8?

од Берта Китинска
415 прегледи

За протестот на ВМРО-ДПМНЕ за поскапувањето на струјата од каде беа објавени фотографии на кои се гледа скап автомобил на кој стои порака „Доле лопови“ изреагира и Андреј Жерновски.

„Опозиција каква што секоја власт може само да посака.Драги политички противници, едно конструктивно прашање до вас:Кој ви предложи да лепите плакат со содржина “Народ нема леб” на луксузно АUDI A8 4,2 TDI, кое чини 140.000 евра?Како мислите со вакви лимузини да му докажете на македонскиот граѓанин дека навистина ве интересира неговата судбина и дека, цитирам, ја делите неговата мака?!?Или, и овој со Mercedes-ов нема леб?“, пишува Жерновски.

Слични содржини