151
„Ја имам честа да бидам контролор на избирачко место на Кале, односно во средина каде живеат и Македонци, и Албанци, и Роми, и Турци.
Морам да истакнам дека сите безбедносни протоколи се почитуваат. Членовите на избирачките одбори носат заштитна опрема и седат на пропишаното растојание“, пишува заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.
„Гласачите носат заштитни маски. Со дистанца на влезот на гласачкото место, се гласа трпеливо според принципот еден-по-еден, при што рацете се дезинфицираат пред и по гласањето. Честитки, така треба. Да покажеме и докажеме сите дека знаеме и умееме!“, посочува тој.