Отсекогаш сум сакал да го знам бројот на лицата кои имаат земено бугарски пасоши и кои политичари земале пасош затоа што гледаме дека има наезда на патриоти. Изјавите на Захариева во интервјуто дека Македонците се вештачки народ измислен во 1944 заедно со македонскиот јазик се грубо кршење на Договорот и на нашата лична карта и индентитет бидејќи ние влеговме како Македонци во НАТО и ве уверувам дека така ќе влеземе во ЕУ, вели Андреј Жерновски од СДСМ во емисијата Само Виситна на Канал 5.
-Ние постојано преговараме нема да се случи распарчување како што е најавувано од страна на опозицијата и не ги поминуваме црвените линии. На нас не ни треба кавга не ни треба повторно да бидеме скарани со соседот на нас ни треба разумен однос. Овие препукување го доживувам како провокација,затоа не треба да се возврати со провокација со цел да си го потврдиме оно што предходно сме го покажале на ЕУ. Со разумен пристап ќе добиеме поголема поддршка од останатите земји во ЕУ, вели Жерновски.