ЖЕШКИ ФОТОГРАФИИ: Џенифер Лопез (54) позираше во долна облека, изгледа неверојатно

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката и актерка Џенифер Лопез е ѕвезда на новата кампања на брендот Intimissimi. Џенифер со оваа кампања за италијански бренд за долна облека успеа да им го забрза пулсот на многу фанови и гледачи.

Парчињата кои ги промовираше одлично ги прегрнаа нејзините облини, не е ни чудо кога целата колекција беше инспирирана од неа и нејзиниот албум „This is Me… Now“.

„Името на колекцијата ја сумира суштината на нејзината еволуција, саморефлексија и вистинското прифаќање на самата себе. Палетата со извезени детали и квалитетни материјали како свилени ткаенини и чипки овозможува луксузна привлечност и неспоредливо сетилно искуство“, стои во соопштението на компанијата.

Слични содржини