Жестока казнa: Откриено е колку треба да плати Аца Лукас откако бегал од полицијата во алкохолизирана состојба!

од Nikola Popovski

Пејачот Аца Лукас ќе мора да плати казна од 70.000 динари (речиси 500 евра) бидејќи синоќа возел автомобил под дејство на алкохол, а исто така ќе добие и седуммесечна забрана за управување со моторно возило, дознаваат српските медиуми

Неговиот менаџер Саша Мирковиќ ги потврдиl информациите.

– Плати 70.000 динари за возење под дејство на алкохол. Казната е 60 000, а кога ќе се додадат судски трошоци, таа изнесува вкупно 70 000 динари. Тој доби 14 казнени поени, како и забрана за управување со моторно возило седум месеци – рече Мирковиќ.

Пејачот Аца Лукас синоќа бил однесен во полициска станица, откако беше запрен при рутинска контрола од сообраќајната полиција, при турбо-фолкерот одбил да направи алко-тест, по што избегал.

Органите за спроведување на законот веднаш ги информирале сите патроли за овој инцидент и Лукас бил брзо лоциран и запрен на територијата на Раковица. Потоа бил однесен во полициската станица во Палилула, каде било утврдено дека имал 0,95 промили алкохол во крвта.

– Да, ме задржаа, имав малку повеќе алкохол во крвта. Бев во полиција, тие си ја вршеа својата работа. Како и секој друг граѓанин, нема никаква разлика. Лага е дека сум бил арогантен и дека сум и кажал грди зборови на полицијата!“, изјавил Лукас по приведувањето.

Слични содржини