Жестоки судири меѓу турската полиција и демонстрантите за 1.мај (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Турската полиција уапси 212 демонстранти откако избувнаа немири за време на полицискиот час на митингот за Први мај, пренесоа агенциите. Медиумскиот синдикат ДИСК на Твитер напиша дека „полицијата блокира“ новинари кои ги снимаат немилите настани.

Интервентната и цивилната полиција се судрија со водачите на синдикатот и другите демонстранти, фрлајќи ги на земја пред да приведат десетици од нив во близина на плоштадот Таксим во Истанбул, покажуваат видеа и агенциски фотографии.

Кабинетот на гувернерот соопшти дека на некои синдикати им било дозволено да го одбележат Денот на трудот, додека оние кои „се собрале нелегално“, кршејќи ги мерките за „заклучување“ и игнорирајќи ги повиците за растурање, биле уапсени.

Државната агенција Анадолија изјави дека 20 демонстранти биле приведени во градот Измир.

Локалните медиуми известуваа за напорите на полицијата во Истанбул и Анкара да ги спречи новинарите да ги снимаат демонстрациите и апсењата на Први мај.

Во петокот, турските медиуми објавија дека полициските службеници добиле упатства да ги спречуваат луѓето да ја снимаат полицијата додека биле на должност. Критичарите сметаат дека овој потег е незаконски и сметаат дека со тоа се кршат правата на граѓаните.

Турската полиција не ги коментираше обвинувањата.

Медиумскиот синдикат ДИСК на Твитер напиша дека „полицијата блокира“ новинари кои ги снимаат настаните од Први мај, додавајќи дека „полицијата не може да спречи“ известување.

Турција донесе 17-дневно парцијално затворање оваа недела, со наредби да се остане дома и да се затворат училиштата и одредени компании.

Слични содржини