Зибери избран за народен правобранител

од Берта Китинска

Со 61 глас „за” и ниту еден „против” , Насер Зибери вечерва е избран за нов народен правобранител.

На огласот за оваа функција, кој беше распишан на крајот на ноември лани, пристигнале четири кандидатури, а предлогот Зибери да биде иден народен правобранител дојде од пратеничката Биљали Зендели од ДУИ.

Од ДУИ велат дека Насер Зибери ги исполнил условите за кандидат за народен правобранител.

– Насер Зибери е 20 години нотар, од 2002 година не се занимава со политика, 20 години е независен, рече  Бедри Фазли од ДУИ зборувајќи за предлогот.

Насер Зибери беше кандидат на ДУИ за прв премиер Албанец на парламентарните избори во јули.

Тој ќе ја наследи функцијата омбудсман од Иџет Мемети.Функцијата народен правобранител е испразнета подолго од еден месец. Иџет Мемети, кој 16 години ја извршуваше оваа функција, неколку дена пред истекот на неговиот втор мандат беше  избран зо член на Советот на јавни обвинители.

Слични содржини