Зибери: Тестирани се 14 лица од семејството на починатиот од Чаир

од Берта Китинска

Центарот за јавно здравје денеска го тестирал семејството на починатиот од Чаир, кому посмртно му беше потврден Ковид-19.

-Семејството на покојникот – на кој посмртниот брис му бил позитивен на коронавирус, денеска е тестирано. Тие прифатиле да бидат тестирани и земени се брисеви од 14 луѓе. Во Центарот за јавно здравје се пријавиле неколку семејства кои присуствувале на погребот. Осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран ковид-19, објасни во изјави за Телма директорот  на Центар за јавно здравје Арбен Зибери.

Слични содржини