ЗНМ: Објавувањето на материјалите од „Пуч“ се од јавен интерес и треба да се објавуваат

од Vladimir Zorba

Новинарскиот кодекс е јасен вели претседателот на Здружението на новинарите Насер Селмани, и тој се заснова врз слободата на говорот. По заканите на МАН, дека објавувањето на аферите е кривично дело, Селмани објаснува дека должност на новинарите е да објавуваат точни информации, да не фалсификуваат и да не сокриваат документи, пренесува 24 Вести.


Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиумите објаснува, точно е дека според членовите 151 и 152 од кривичниот законик е предвидено, дека освен нелегалното снимање и прислушкување постои кривична одговорност и за објавување на таквите информации.

Сепак Георгиевски објаснува дека освен Европската унија, речиси сите меѓународни организации како: Обединетите нации, ОБСЕ, Организацијата на Американските држави, како и Африканската унија имаат препораки во случаи кога се објавуваат скриени информации.

Георгиевски додава и дека според домашниот закон, во случај на објавување на снимки за кои не се знае како се набавени Јавното обвинителство не гони по службена должност, туку засегнатите можат да тужат. Познавачите се согласни дека во сите случаи на прво место мора да биде интересот на граѓаните да знаат што се случува.

Според познавачите контрадикторно е и што еден медиум во кој има мнозинство членство на Македонската асоцијација на новинари прв ја објави снимката на тајно снимениот разговор во кабинетот на премиерот со лидерот на опозицијата. Ова се коси со самото барање на МАН, со оглед што во моментот на објавувањето од МВР и Јавното обвинителство немало потврда дали снимањето е легално или не.

Слични содржини