Зоран Милановиќ нов претседател на Хрватска, со победа од над 100 илјади гласови пред Грабар Китаровиќ

од Aleksandar Petrovski

Во Хрватска утрово беа објавени целосни податоци и број на гласови од сите 6.533 избирачки места, според кои Зоран Милановиќ победи на претседателските избори со точно 104.901 гласови повеќе од Колинда Грабар Китаровиќ.

Милановиќ победи на изборите со 1.034.389 гласови или 52,67 проценти, додека Колинда Грабар Китаровиќ освои 929.488 гласови, за 47,33 проценти.

На овие избирачки места беа запишани вкупно 3.734.111 гласачи, а тоа право го искористија 2.053.848 гласачи, или 55 проценти.

Слични содржини