Зошто Маск ја поддржува Dogecoin (DOGE)?

од Vladimir Zorba

Милијардерот Елон Маск е најголемиот поддржувач на Dogecoin (DOGE) и не се срами да го каже тоа.

Токму твитовите на извршниот директор на „SpaceX“ ја поттикнаа динамиката кога меме криптовалутата достигна највисоко ниво од 0,7 долари минатата година пред да започне со бавниот тренд на намалување.

Сепак, дури и со фактот дека Dogecoin (DOGE) навидум изгуби поголем дел од својата акумулирана вредност, Елон Маск не ја напушти својата поддршка за алткоинот и објасни зошто го сака во неодамнешно учество на подкаст.

Што не е за сакање?

Елон Маск гостуваше во емисијата „Full Send“ каде зборуваше за криптовалутите и особено за Dogecoin. Милијардерот откри дека сè уште силно ја поддржува меме-монетата и објасни зошто е толку верен поддржувач.

Според Маск, му се допаѓа Dogecoin главно поради темата зад неа. Не е тајна дека меме културата околу криптовалутата одигра голема улога во нејзиниот метеорски пораст во 2021 година. Ова, исто така, се случува да биде омиленото нешто на Маск во врска со криптовалутата, објаснувајќи дека има „мемиња и кучиња“. Кучешкиот дел од ова е исто толку истакнат, имајќи предвид дека самиот Маск има домашно милениче Шиба Ину, што е познатата раса на кучиња поврзана со паричката.

Програмерите кои стојат зад криптовалутата, исто така, даваат се од себе за да ја развијат меме-монетата, нешто што Маск целосно го поддржува. Dogecoin дојде во центарот на вниманието со тоа што беше прифатен како начин на плаќање меѓу другото.

Dogecoin се бори да ја задржи својата цена

Една од работите што избледе со текот на времето е влијанието што коментарите на Маск го имаа врз цената на Dogecoin. Во екот на „биковиот“ подем, секој пат кога милијардерот ќе кажеше или направеше нешто поврзано со Dogecoin, цената вртоглаво растеше.

Сега тоа се промени, бидејќи постапките на Маск веќе немаат големо влијание врз цената на дигиталното средство. Пример за ова е кога објави дека неговата компанија Boring ќе прифати Dogecoin за возења во метрото во Вегас, а цената реагираше разочарувачки. И ова не е единствениот таков случај

Dogecoin неодамна доби уште еден удар. Дигиталното средство падна на 10-то место на листата на најголеми криптовалути, кое го држеше извесно време. Сепак, сега падна на 11-тото место откако Polkadot направи извонредно закрепнување и ја надмина пазарната капитализација на DOGE.

Цената на DOGE продолжува да се движи околу 0,06 долари, и додека инвеститорите се надеваат дека меме-монетата наскоро ќе се опорави, панелот на Finder предвидува дека Dogecoin можеби нема да го види својот претходен ATН (највисоко ниво) во следните пет години.

Слични содржини