Според психотерапевтот Гери Њуман главната причина поради која мажите ги изневеруваат своите партнерки не е поврзана со сексот а ниту со физичката привлечност, а доколку овие две причини се во прашање, тогаш станува збор за мал удел.

Њуман спровел анкета на 200 прељубници и дошол до несекојдневен заклучок – врз основа на собраните податоци  тој заклучил дека дека главната причина за неверство е емотивната неисполнетост.

Kradec

Припадниците на машкиот пол се почувствителни отколку што сметаме, заклучил Њуман. Едноставно ако не добијат доволно емотивно внимание во моменталната врска, тие ќе го побараат на друго место.

Според собраните податоци, 48% од мажите своето неверство го оправдуваат како емотивно незадоволство, додека 40% од нив тоа задоволство се обиделе да го компензираат на работното место поради фактот што колешките се склони да им даваат комплименти за нивните успеси.

Њуман истакнува дека физичката привлечност  нема главна улога. 88% од мажите ја изневерувале партнерката со помалку атрактивна жена.

Уште еден важен фактор во одлуката дали да се препуштат на неверство е искуството на пријателите. Ако мажот е опкружен со луѓе кои имаат искуство со вонбрачни активности, тогаш верниот маж најверојатно и самиот ќе се препушти на забрането дружење

Слични содржини