Следејќи ги советите на својата влада и гласајќи со “не” на референдумот во неделата, грчките граѓани испратија недвосмислена порака. Слично на американските херои во филмот “Мрежата”, кои, отворајќи ги прозорците, викаа “бесен сум и не чепкајте ме повеќе”, Грците сакаат остатокот од Европа да го признае нивното страдање, коментира главниот економист на Allianz Мохамед Ел-Ериан за BloombergView.

грција прего

Во оваа фаза сепак само неколку европски лидери изгледаат подготвени да слушаат. И уште помал број изгледаат подготвени да ја обезбедат дозата олеснување од која Грција очајно иам потреба. Последиците ќе се почувствуваат најмногу во Грција, но и во Европа, па дури и надвор од неа.
Според Ел-Ериан има 10 последици , кои претстои да видиме во наредните денови.

1. Победата на поддржувачите на негативното гласање – со повеќе од 60% од гласовите, според прелиминарните резултати првично ќе доведе до распродажби на хартии од вредност, до ценпвен притисок над обврзниците на Грција и на други периферни економии и пазари од еврозоната. Германските и американските државни хартии од вредност, пак, ќе добијат од процесот на бегство кон квалитени средства.

2. Фатени неподготвени, европските политичари итно ќе се обидат да ја повратат иницијативата: германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ќе се состанат во понеделник во Париз, за ​​да разговараат за реакцијата . Во еден идеален свет овие лидери брзо и ефикасно ќе работат заедно со грчката влада, за даго надминат конфликтот и нетрпението пред референдумот. Ова веројатно ќе биде тешко, имајќи го предвид недостатокот на доверба, непријателството и обвинувањата кои ја уништија врската.

3. Дури и со овие предизвици грчките и европските политичари немаат многу време . Ужасните услови во Грција ќе се влошат уште повеќе, пред да почнат да се подобруваат. Без огромна итна помош од Европската централна банка (ЕЦБ) – решение, што е малку веројатно да биде донесена, Владата тешко ќе најде пари за да ги наполни банкоматите во земјата, а камоли за повторно да ги отвори банките.

4. Додека Грците гледаат да се спасат, недостатокот на стока, вклучувајќи бензин и храна, ќе се продлабочува. Контролата на капиталот и плаќањата ќе биде затегнат. Економијата ќенаправи уште еден загрижувачки чекор надолу, продлабочување невработеноста и сиромаштијата. А Владата ќе се бори да ги исплати пензии и платите на државните службеници.

5. Како резултат Владата ќе се покаже под зголемениот притисок да издаде државни обврзници тип IOU (буквално I Owe You – Имам долг кон тебе) за да се задржи чувството на функционална економија. Ако тоа се случи, обврзниците IOU ќе ја преземат улогата на алтернативна валута користена внатрешно со попуст во однос на единствената валута.

6. Надвор Грција ќе има многу обиди за ограничување на неповолните ефекти. ЕЦБ најверојатно ќе предложи нови мерки за да ја ограничи регионалната зараза, вклучувајќи проширување на сегашната програма за големи купувања на хартии од вредност. Ова ќе го ослабне девизниот курс на еврото. Освен тоа заедно со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), на кој Грција веќе е во долгови, ќе се подготвува за серија од обврските на Грција.

7. Сите инволвирани страни ќе преминат кон подготвен план Б. Оваа транзиција ќе биде многу трауматична за Грција, отколку за остатокот од Европа.

8. Крајната цел е можно побрзо надминување на веројатноста за уште страдање, болка и несигурност меѓу луѓето, а Европа има инструментите и институциите да ја ограничи заразата и да го одржува интегритетот на еврозоната. Но, тоа ќе бара дополнителни активности од ЕЦБ, во комбинација со мерки на Европскиот механизам за стабилност (ЕМС) и Европската инвестициска банка (ЕИБ), насочени кон завршување на банкарската унија и постигнување на напредок кон фискална интеграција.

9. Доста е сомнително дали Грција ќе успее да го закрепне статусот на полноправна членка на еврозоната. Без сериозни вештини за управување со кризи таа навистина се соочува со опасната веројатност да стане пропадната држава. Наместо само да стои настрана, Европа треба да обезбеди евентуално излегување на Грција од 19-члената еврозона за да не се доведе и до отцепување од Европска унија. Ова, на пример, може да вклучува специјално членство во договорот за асоцијација.

10. Не на последно место, очекуваме експлозија од обвиненувања. Оваа непродуктивна активност може да доведе до одложување на итната потреба Европа даги прифати лекциите од овој тажен резултат. Серијата од неисполнетите ветувања за реформи на неколку грчки влади беа засилени од политички инает, слаба анализа и неконзистентно следење на процесот од страна на Европа, што придонесува за тоа Грција да не е функционален член на семејството.

Слични содржини