Поддржувачи на граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва во центарот на Скопје ги продолжија протестите со кои десетина дена бараат повлекување на одлуката од претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари, како и одложување на  распишаните предвремени парламентарни избори за 5 јуни.

Протестот, како и во изминатите денови, почна пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) чие работење граѓанската иницијатива го поддржува. Протестниот марш продолжи кон мостот „Гоце Делчев“  од каде од „Протестирам“ најавија дека ќе се упатат кон зградата на Уставен суд, но пристапот на мостот е блокиран од полицијата.

Учесниците на протестот бараат и оставка од Иванов, вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во решавањето на кризата и формирање  преодна влада која целосно ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе./MИА

Слични содржини