Првомајските протести, или Меѓународниот ден на трудот, одбележани во целиот свет , со многу  приведени и судири со полицијата

Turkish riot police use pepper spray against protesters as they attempted to defy a ban and march on Taksim Square to celebrate May Day, in Besiktas neighbourhood of Istanbul, Turkey, May 1, 2016. REUTERS/Yagiz Karahan

Еден мртов, повеќе од 200 приведени и засилена безбедност, беше  сликата  во најголемиот турски град Истанбул. Турската полиција употреби солзавец и водени топови откако демонстранти се обидоа да ја прекршат забраната за пристап до главниот плоштад Таксим.

1 мајНајжестоко во Истанбул каде странските медиуми тврдат дека , безбедноста била засиленаод страв за тероризам ,  каде годинава  имаше дваслучаи на  напади, за кои беше обвинета Исламската држава. Сепак судири имаче ме со ИД туку со синдикалците. Околу 24 500 припадници на безбедносните сили беа распоредени за време на прославата на 1 мај, според Канцеларијата на гувернерот на Истанбул. Полицијата ги набљудувала улиците и со хеликоптер над градот.

Еден 57-годишен маж почина, откако воден топ го прегазил, додека се обидувал да ја премине улицата. Од Канцеларијата на гувернерот изјавија дека човекот бил удрен додека возилото маневрирало.„Вкупно 207 лица се приведени, спречени се 40 молотови коктели, 17 рачни гранати, 176 петарди, и многу нелегални постери се одземени“, соопштија од Канцеларијата

Плоштадот Таксим е зборно место за одбележувањето на Денот на трудот до 1977 година, кога десетици лица загинаа за време на демонстрациите, наречени „Крвавиот 1 мај“. Плоштадот беше повторно отворен за прослави во 2000 година, но беше повторно затворен во 2013 година.

Тогаш, плоштадот стана главна собирна точка за анти-владините протести, на кои десетици илјади луѓе демонстрираа против претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој тогаш беше премиер.

Првомајски протест се одржа и во Париз, каде избувнаа нереди кога повеќе млади со маски на лицата се судрија со полицијата.

Женското движење Фемен се појави на банкетот што по повод Први Мај го организираше екстремно десната партија Национален фронт. Тие скандираа „Да живее крајот на НФ” облечени во светкави мини здолништа и со голи гради.

Мирни протести по повод Меѓународниот ден на трудот се одржаа и во Србија, Грција, Русија, Шпанија, Италија, Куба и Јужна Кореја.

Слични содржини