Новиот албум на британската пејачка Адел “25” стана најбрзо продаваното цд  во историјата на британската и американската музика, објави во саботата вечерта Official Charts Company (ОСС), која редовно објавува податоци за продажбата на нови дискови во светот.

4532109

Во првата недела по излегувањето на “25” во Велика Британија , купени се над 800 000 копии од албумот, што е најдобар резултат во историјата. Така Адел успеа да го собори претходниот рекорд основан од група Oasis пред 18 години. Тогаш во првите седум дена беа продадени 696 000 копии од третиот албум на музичарите – Be Here Now.

Во САД за првите пет дена од “25” беа продадени 2,8 милиони копии, што е исто така рекорд. Според експертите од ОСС, на крајот на оваа недела продажбата може да достигне 2,9 милиони. Претходниот рекорд им  припаѓаше на американската поп група N Sync со вториот албум No Strings Attached, издаден во 2000 година. Во првата недела , тогаш беа продадени повеќе од 2,41 милиони копии.

Слични содржини